среда, 2 октомври 2024

Објавени снимки од големиот напад: над 200 балистички ракети лансирани на Израел (ВИДЕО)

Израелската војска објави, а Техеран потврди дека Иран изврши голем ракетен напад на Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На социјалните мрежи се наведува дека се лансирани повеќе од 400 балистички проектили.

Израел и Ирак ги затворија вечерва своите воздушни простори, објави Ројтерс неполн час по почетокот на ракетниот напад на Иран на Израел.

Нешто претходно израелското воено радио јави дека полетувањата и слетувањата на меѓународниот аеродром Бен Гурион кај Тел Авив се стопирани поради ракетниот напад.

Израелската противвоздушна одбрана објави дека соборила десетици ирански ракети кои летале над Сирија, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори од израелската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ