понеделник, 25 ноември 2024
Детали за вознемирувачкиот настан од викендов

Обид за самоубиство е „летањето“ на возачот со автомобил во Вардар (ВИДЕO)

Возачот кој во саботата со автомобил буквално летна во Вардар oткако со молскавична брзина помина помеѓу два автомобили кои случајно се движеа по мостот, сакал да се самоубие, дознава МКД.мк од свои извори. Како што неофицијално дознаваме В.К. претходно бил во полициска станица, зборувал со полициски службеници, а потоа се качил во автомобилот и со намера да се самоубие тргнал кон Вардар. Среќа во несреќа е како тој минува низ двата автомобили кои сосема случајно се наоѓаат на местото на кое минува со огромна брзина и не се судира со нив, а во прашање се делови од секунда.

Објавено на

часот

Сподели

Деталите со која брзина возел за сега не се познати, а се прават и анализи да се утврди дали возел под дејство на недозволени супстанци и алкохол. Возачот со повреди е префрлен во болница и се наоѓа на лекување.

Не се познати и детали за тоа зошто влегол во полициска станица.

Безбедносните камери поставени на мостот во близина на МАНУ кои беа објавени на социјалната мрежа X се сведок како викендов возило со неконтролирана брзина прелета преку булеварот сечејќи го сообраќајот на повеќе возила, меѓу кои и автобус, и излетува право во реката Вардар.

На видеото се гледа како возилото излегувајќи од улицата кај Народната банка и Веро џамбо, наместо да сврти кон мостот Мајка Тереза, со нереално голема брзина продлжува право,  ја пробива оградата на мостот и завршува во реката Вардар.

На видеото уште се гледа како маж трча кон мостот за да му помогне на возачот.

 

Полицијата информираше дека возило излетало од пат, ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и завршило во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје.

„Во СВР Скопје во 7:23 часот е пријавено дека патничко моторно возило киа со скопски регистарски таблички, управувано од В.К., ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ 8-ми Септември за укажување на помош“, информираше МВР во саботата.

Освен возачот други повредени учесници во сообраќајот нема, а во моментот на несреќата немало ниту пешаци кои секојдневно се движат по мостот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ