понеделник, 25 ноември 2024
На Меѓународниот аеродром Скопје 

Обезбедувач на косовската претседателка Османи и обезбедувањето на Гаши направиле скандал за да не ѝ го скенираат багажот

Денеска околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје  додека претседателката на Косово, Вјоса Османи поминувала на гранична контрола, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, правејќи инцидент зошто сакале да ѝ го скенираат багажот. По ова се вмешало и обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Случајот е пријавен во МВР и се постапува.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска (01.08.2024) околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер. По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката“, велат од МВР за инцидентот.

При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин.

Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, додаваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ