недела, 27 октомври 2024

Обама: Бајден е еден од најуспешните претседатели, Пелоси: Бог нѐ благослови со неговата величина

Откако американскиот претседател денеска ја повлече својата кандидатура за втор мандат, Барак Обама го нарече „извонреден патриот“, а Ненси Пелоси порача дека бог ја благословил Америка со „величината и добрината на Џо Бајден“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Џо Бајден беше еден од најуспешните американски претседатели, како и мој драг пријател и партнер. Денеска се потсетивме дека Бајден е извонреден патриот. Пред 16 години, кога ја почнав мојата потрага по потпретседател, знаев за извонредната кариера на Џо во јавната служба.“

„Но она што уште повеќе почнав да му се восхитувам беше неговиот карактер -  неговата длабока емпатија и тешко стекната отпорност; неговата основна пристојност и верување дека секој е важен. Откако ја презеде функцијата, претседателот Бајден одново и одново го демонстрираше овој карактер.

Тој помогна да ѝ се стави крај на пандемијата, создаде милиони работни места, ги намали трошоците за лекови на рецепт, го усвои првиот голем дел од законот за безбедност на оружјето во последните 30 години, го направи најголемото вложување во справувањето со климатските промени во историјата и се бореше да ги обезбеди правата на работниците на праведни плати и бенефиции“, искоментира Обама.

Ненси Пелоси, поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, за повлекувањето на Џо Бајден од претседателската трка рече: „Со љубов и благодарност до претседателот Бајден што секогаш веруваше во ветувањата на Америка. Бог ја благослови Америка со величината и добрината на Џо Бајден“, објави Пелоси на Икс.

Пелоси не ја поддржа јавно Камала Харис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ