сабота, 19 октомври 2024
„Ѕидот на Ерихон“

Њујорк Тајмс: Израел знаеше повеќе од една година дека Хамас планира напад без преседан

Објавено на

часот

Сподели

Израелското воено разузнавање дошло во посед на документ од палестинското исламистичко движење Хамас на околу 40 страници, во кој детално се опишува голем напад како оној што екстремистите го извршија на 7 октомври во Израел, пишува изданието на американскиот дневен весник од четвртокот.

Во овој документ, кој циркулирал во разузнавачките кругови под кодно име „Ѕидот на Ерихон“, не бил наведен датум за можниот напад, но биле прецизирани точките поврзани со израелскиот безбедносен систем и нападите врз градовите и воените бази.

Во документот се наведени планови за ракетен напад, дронови кои ги уништуваат безбедносните камери и одбранбените системи, потоа борци кои преминуваат на израелската страна со параглајдери, автомобили и пеш.

Документот широко циркулирал меѓу израелските воени и разузнавачки лидери, но експерти утврдиле дека напад од такви размери и амбиции е надвор од можностите на Хамас, според документите и официјалните лица. Не е јасно дали и премиерот Бенјамин Нетанјаху или другите врвни политички лидери го виделе документот, наведе Њујорк тајмс.

Минатата година, набргу по добивањето на документот, претставници на израелската воена дивизија за Газа, одговорна за одбрана на границата со Газа, изјавија дека намерите на Хамас се нејасни.

„Сè уште не е можно да се утврди дали планот е целосно прифатен и како ќе се манифестира“, се вели во воената проценка што на увид ја имал Њујорк тајмс.

Потоа, во јули, само три месеци пред нападите, аналитичарка ветеран од Единицата 8200, на израелската разузнавачка агенција, предупредила дека Хамас извршил интензивна, еднодневна вежба за обука која изгледала слична на она што било наведено во планот.

Но, полковник во Газа дивизијата ја отфрлил нејзината загриженост, според шифрираните е-мејлови што на увид ги имал Тајмс.

„Целосно демантирам дека сценариото е имагинарно“, напиша аналитичарката во размената на е-мејлови. Вежбата за обука на Хамас, наведе таа, целосно се совпаѓа со „содржината на Ѕидот на Ерихон“.

Тоа е план дизајниран да започне војна“, додаде таа. „Тоа не е само напад на село“.

Официјални лица приватно признаваат дека, доколку војската ги сфатела сериозно овие предупредувања и распоредила значајни засилувања на југ, каде што Хамас нападна, Израел можел да ги ублажи нападите или можеби дури и да ги спречи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ