понеделник, 25 ноември 2024

НСПВ поднесе кривична пријава против 17 луѓе вработени во АРМ, министерства, банки

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) поднесе кривична пријава против 17 луѓе, за кои тврди дека се во роднинска врска, а вработени во различни институции.

Објавено на

часот

Сподели

Од НЗПВ велат дека кривичната пријава е затоа што осомничените направиле фалсификат спроведен во Министерството за социјална политика, а реализиран во Министерството за одбрана.

„Кривичната пријава е поднесена против 17 луѓе поради злоупотреба на службената положба, злосторничко здружување, фалсификување или уништување деловни книги како и употреба на исправа со невистината содржина. Станува збор за група од осум актуелни и двајца поранешни припадници на Армијата, двајца вработени во Министерството за социјална политика, еден вработен во банка и четири цивилни лица. Дел од нив се во роднинска врска и за нив синдикатот и претходно поднесе кривични пријави. Целта на оваа група е на незаконски начин да се стекне со пари и да го уништи Независниот синдикат на професионалните војници“, тврдат од НСПВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ