вторник, 22 октомври 2024

НП Маврово: Заедно со општината и полицијата им предложивме на странците да кампуваат под Леуново

Објавено на

часот

Сподели

Во одговорот на јавната установа Национален парк Маврово на прашањата на МКД.мк за тоа што преземаат во однос на присуството на околу 300 лица кои на диво кампуваат и палат оган кај Црн Камен, се вели дека тие од почеток ја следеле ситуацијата и дека во соработка со полицијата и општинарите им понудиле на камперите од Жировница да се преселат во близина на Леуново.

„Од почеток ја следевме ситуацијата со присуството на поголема група странски гости кои пред дваесетина дена, по нечија покана, ги запоседнаа планинските падини на Дешат над селото Жировница, во пограничниот појас и зона на строга заштита на територијата на паркот. Донесените мерки од страна на Владата за забрана за движење во шума беа доволен аргумент управата на НП Маврово, заедно со командирот на пограничната полициска станица во село Жировница, месната заедница на селото и со раководителот на Одделението за заштита во паркот да ги посетат присутните на локацијата и да стапат во контакст со два члена од групацијата (Денис и Леа) од нашата држава“, се вели во одговорот на НП Маврово.

с

Откако на странците им било кажано да ја напуштат локацијата, постигнат бил договор за времено лоцирање на кампот во близина на село Маврово, покрај езерото, велат од НП.

Подоцна, било договорено сепак сите да се преселат на локалитетот Црн Камен, каде што се и денеска каде е подигнат див камп.

„Откако се сместија, групата била посетена од службени лица од полициската станица Маврови Анови и службени лица на НП Маврово за заеднички да се информираат какви им се плановите и како да се регулира нивниот престој на таа локација. Командирот на полициската станица, со кого што сме во постојана координација и службите од повисокиот ешалон при Министерството за внатрешни работи дадоа насоки да се евидентираат присутните, и меѓусебнио да се информираме за состојбата и однесувањето на присутните .

Во меѓувреме имаше поплаки од локалното население за присуството на туристите на див камп, за начинот на вршење на физиолошки потреби, за палење оган, за присуство на дрога, журки, алкохол, фрлање ѓубре… Но полициските службеници и службите од паркот не регистрираа неправилности, кампот е отворен, бројната состојба е променлива, присутни се луѓе од повеќе држави, луѓе со различен начин на однесување, воспитување и култура.

Локалитетот Црн Камен целосно е исчистен од камперите од повеќегодишниот отпад околу и под грмушките што е за поздравување и во меѓувреме побарана е зачестена интервенција од Комуналното претпријатие за собирање на комуналниот отпад кој што е уредно собран во најлонски вреќи и изнесен на локалниот пат за лесно да може да се собере и транспортира.

Локацијата под локалниот пат Леуново – Никифорово, по извршената проверка на е-катастар е приватна сопственост, па сопствениците имаат право да реагираат за користење на приватниот имот“, се вели во одговорот на НП Маврово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ