сабота, 19 октомври 2024

Ново „златно време“ во шверцот со цигарите?

Објавено на

часот

Сподели

Така е и сега. Сегашните цени на цигарите во грчките фришопови се доволно примамливи за правење разлика во цена со актуелната малопродажна цена на цигарите во Македонија.

Со најавените измени во Законот за акцизата се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ. Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,23 денари по парче на 1 јануари секоја година

ц

                                                                                                  „Грчки“ винстон на понуда во Бутел

Случајно или не грчките фришопови се единствените континентални фришопови во земјите членки на ЕУ (сите други се на аеродромите). Во случајот токму тие или магацините каде што се чуваат овие цигари (кај Игуменица во Грција) се изворот на новиот шверц со цигарите во Македонија.

ц

                                                                                                                                    Дуќанче во Сарај

Засега немаме одговори на тоа дали се работи за организирана активност, во која активно учествуваат и државни службеници или пак за аматерско користење на големите разлики на цени на цигарите во грчките фришопови и во македонската малопродажба. Но, понудата на овие „грчки“ цигари во малопродажната мрежа во Македонија (Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Батинци…) укажува на тоа дека сепак се работи за организиран шверц на цигари. Македонија има големо искуство во шверцот со цигарите во периодот од 1993 до 1998 година, особено во воениот период на териториите на поранешна Југославија кога од Македонија лесно поминуваа шлепери со цигари кон Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора… Познатите шверцери од регионот доаѓаа на пракса во Македонија да учат за овој успешен бизнис во кој и тогаш и сега државата е најголемиот губитник.

                                                                                                                                                А.Д.

                                                                   (Продолжува)

 

Се враќа шверцот со цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови (1)

Ново „златно време“ во шверцот со цигарите? (2)

И дистрибутерите на големите тутунски корпорации се загрижени за новиот шверц со цигарите (3)

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ