четврток, 24 октомври 2024

Новиот шеф на американската Тајна служба: Срам ми е од она што го видов

Новиот вршител на должноста директор на американската Тајна служба Роналд Роу изјави за време на сведочење во Конгресот дека му е срам од големиот безбедносен пропуст кој претходеше на обидот за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на 13 јули на предизборен митинг во Пенсилванија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во подготвеното сведоштво објавено пред обраќањето во два сенатски одбори, Роу кажа дека го посетил местото на митингот на отворено во Батлер и се качил на покривот на зградата од кој 20-годишниот Томас Крукс ги испукал куршумите.

„Срам ми е од тоа што го видов. Не можам да објаснам зошто тој покрив не бил обезбеден“, кажа Роу, кој 25 години работи за Тајната служба.

Тој го призна очигледниот безбедносен пропуст една недела откако претходната директорка на Тајната служба Кимберли Читл поднесе оставка под притисок на двете страни на Конгресот, откако одби детално да ги изнесе безбедносните недостатоци во сведочење пред комисија на Претставничкиот дом.

Роу ги убедувал парламентарците дека од тогаш презел чекори за да спечи слични пропусти, среде загриженоста на демократите и републиканците околу продолжување на политичкото насилство пред изборите на 5 ноември, пренесува Ројтерс.

„Му наложив на нашиот персонал да се погрижи секој безбедносен план на место на настан да биде темелно проверен од страна на поискусни супервизори пред да се примени“, кажа Роу.

Тајната служба додала шест лица на својата заштитна листа од 13 јули, вклучувајќи го републиканскиот потпретседател Џ.Д. Венс и неговото семјество, како и независниот претседателски кандидат Роберт Кенеди, кажа Роу.

Како што наведува Ројтерс, фокусот на повеќето истражувачки одбори на Конгресот е на времето од моментот кога службениците за спроведување на законот прв пат го забележале Крукс до неговото убиство од страна на Тајната служба.

ФБИ во понеделникот соопшти дека полицијата прв пат го забележала Крукс повеќе од еден час пред да испука најмалку осум истрели кон поранешниот американски претседател.

На митингот во Батлер, покрај Трамп, беа повредени две лица, а еден маж беше убиен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ