понеделник, 25 ноември 2024

Новиот премиер на Франција: Приоритет е повторното вооружување

Новоименуваниот француски премиер Габриел Атал му се заблагодари на претседателот Емануел Макрон за назначувањето, додавајќи дека еден од неговите главни приоритети ќе биде повторното вооружување на Франција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ви благодарам претседателе за довербата“, напиша Атал на платформата Икс и изјави дека неговата политика ќе се заснова на „задржувањето контрола над нашата судбина, искористувањето на францускиот потенцијал и повторното вооружување на нашата земја“.

Атал додаде дека во последните месеци ја посветил „целата своја енергија“ на обновувањето на францускиот образовен систем.

„Ја носам оваа цел со мене во Матињон. Ова е мајка на сите битки“, порача тој.

Габриел Алтал беше назначен за нов премиер на Франција, што го прави најмладиот премиер во историјата на таа земја, со само 34 години.

Атал ѝ се придружил на Социјалистичката партија кога имал 17 години, а за време на пандемијата на корона вирусот бил назначен за портпарол на владата, што било прва значајна јавна функција што ја извршувал.

Тој беше избран за министер за образование минатата година, а првата одлука што ја донесе на таа позиција беше да го забрани носењето на муслиманската женска облека која го покрива цело тело во државните училишта, со што доби популарност кај конзервативните гласачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ