Како што соопштија од корпорацијата, лансирањето било целосно успешно, пренесува Ројтерс.
Поради лансирањето, Кина воведе зона на забранети летови северно од Тајван, поради можноста делови од ракетата носач на сателити евентуално да погодат авион.
Тајванското Министерство за транспорт соопшти дека првично било информирано од Пекинг дека зоната за забранети летови ќе стапи на сила од недела до вторник, но тој период подоцна е намален на само 27 минути утрово по протестите од Тајван, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека одлуката за зоната на забранети летови предизвикала нервоза во регионот по последните кинески воени вежби околу Тајван.
Зоната се однесуваше на областа над Источното Кинеско Море, североисточно од Тајван, каде што е вообичаено густ цивилниот воздушен сообраќај.