четврток, 24 октомври 2024

Новинарка мора да ѝ плати отштета на Мелони зошто ја исмејувала, „висока си само 120 сантиметри“

Суд во Милано ѝ нареди на новинарка да ѝ плати на италијанската премиерка Џорџа Мелони 5.000 евра отштета затоа што ја исмејувала во објава на социјалните мрежи, објави новинската агенција АНСА и други локални медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новинарката Џулија Кортезе е казнета со 1.200 евра поради исмејување на висината на премиерката на Икс, поранешен Твитер, во октомври 2021 година. Мелони презеде правна постапка против Кортезе откако двете жени се судрија на социјалните мрежи.

Мелони, чија партија „Браќа на Италија“ во тоа време беше во опозиција, се налути кога Кортезе објави нејзина лажна фотографија со слика на покојниот фашистички лидер Бенито Мусолини во позадина. Кортезе одговори со дополнителни твитови, вклучувајќи и еден во кој напиша: „Не ме плашиш, Џорџа Мелони. На крајот на краиштата, висока си само 120 сантиметри. Не можам ни да те видам“.

Висината на Мелони на различни медиумски сајтови се наведува дека е помеѓу 158 и 163 сантиметри. Кортезе може да се жали на пресудата, а адвокатот на Мелони рече дека премиерката ќе ја донира целата отштета што ќе ја добие во добротворни цели.

Репортери без граници наведоа голем број тужби против новинари оваа година, со што Италија падна за пет места на 46-то место во нивниот Светски индекс за слобода на печатот за 2024 година. Ова не е прв пат Мелони да тужи новинар.

Минатата година, суд во Рим го казни авторот на бестселер Роберто Савијано со 1.000 евра плус правни трошоци, откако тој ја навреди на телевизија во 2021 година за нејзиниот тврдокорен став за илегалната имиграција.

Новинарите на италијанската државна телевизија РАИ стапија во штрајк во мај во знак на протест против „задушувачката контрола“ на нивната работа од страна на владата на Џорџа Мелони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ