вторник, 22 октомври 2024

Нови шест месеци кризна состојба на македонските граници

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците со 73 гласа „за“ ја усвои „Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од светската здравствена организација SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кој се загрозува безбедноста и имотот на населението.

Ова е ново продолжување од шест месеци на оваа одлука.  

Собранието го донесе предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, по скратена постапка, со кој се овозможува законска основа до крајот на годинава над 700  лица во земјава, претежно од Ромска националност кои се неевидентирани да бидат запишани во Матичната книга на родените.

Пратениците денеска ја донесоа одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ