среда, 23 октомври 2024

Нови протести во Венецуела, расте гневот поради спорниот резултат на изборите

Во главниот град на Венецуела Каракас вчера избувнаа нови протести по спорните резултати од претседателските избори во земјата, додека во исто време претседателот Николас Мадуро нареди распоредување на воени и полициски патроли низ целата земја. Илјадници луѓе се собраа во центарот на градот за да го покажат своето противење на тврдењата на претседателот Николас Мадуро за победа на претседателските избори, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Многумина рекоа дека нема да запрат додека не дојде нова влада, а некои рекоа дека тоа ќе се случи само доколку безбедносните сили им се придружат на опозициските демонстранти. Сепак, војската и полицијата досега му останаа лојални на Мадуро и употребија солзавец и гумени куршуми врз некои демонстранти.

Локалните власти соопштија дека се уапсени околу 750 лица. Двете водечки невладини организации во земјата велат дека неколку луѓе се убиени, а десетици се повредени. Во вторникот, министерот за одбрана на Венецуела ги опиша протестите како „државен удар“.

Опкружен со вооружени војници, генералот Владимир Падрино прочита изјава во која се вели дека претседателот Николас Мадуро има „апсолутна лојалност и безусловна поддршка“ од војската.

Јавниот обвинител на Венецуела, кој е близок соработник на Мадуро, рече дека еден војник е убиен во антивладините протести.

Лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо ги повика демонстрантите да ги одржат протестите мирни. „Мораме да продолжиме на мирен начин, не треба да паднеме на провокациите што ни ги поставува владата“, рече таа. „Нашиот кандидат освои 70 проценти од гласовите, Венецуелците кои некогаш веруваа во Мадуро се денес со нас“, додаде таа.

Протестите во понеделникот избија откако шефот на Националниот изборен совет (ЦНЕ), кој е член на партијата на Мадуро и некогаш работел како негов правен советник, го прогласи претседателот за реизбран за трет последователен мандат.

ЦНЕ претходно објави дека Мадуро победил со 51 отсто од гласовите, пред опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес со 44 отсто. Сепак, Избирачкиот совет засега не ги објави деталните резултати од гласањето, за кои опозицијата тврди дека покажуваат дека резултатот што го објави советот бил лажен.

Регионалното тело за Америка, Организацијата на американски држави (ОАС), ја обвини венецуелската влада за целосно искривување на резултатите. Опозициската коалиција што го поддржува Гонзалес рече дека можела да прегледа 73,2 отсто од резултатите од гласањето и тврди дека потврдиле дека Гонзалес победил со голема разлика.

„Имаме записи кои ја покажуваат нашата категорична и математички неповратна победа“, рече Гонзалес во вторникот.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и американскиот претседател Џо Бајден вчера изјавија дека се согласуваат дека владата на Венецуела мора брзо да ги објави резултатите од спорните избори во неделата за да се стави крај на кризата во земјата. „Двајцата лидери се согласија за потребата од итно објавување на целосни, транспарентни и детални податоци за гласањето“, се вели во соопштението на Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ