Осум лица, меѓу кои три деца, загинаа утринава во израелски напад врз куќа во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.
Најмалку 15 лица се убиени во израелски воздушни напади врз училиште во кое се сместени раселените Палестинци во центарот на Газа, соопшти Канцеларијата за медиуми на владата на Газа.
Други се повредени во напад врз училиштето Хамам во населбата Шеик Радван во градот Газа, објави во саботата официјалната палестинска новинска агенција Вафа.
Известувајќи од Деир ел-Балах во центарот на Газа во саботата, Хани Махмуд од Ал Џезира рече дека најмалку три бомби биле фрлени врз училиштето додека спасувачите и доброволците во објектот се обидувале да им помогнат на луѓето да излезат од под урнатините.
🚨⚡️ #عاجل#إسرائيل تقصف داخل #مستشفى_شهداء_ الأقصى بدير البلح خياماً للنازحين فيها..
5 شهداء بينهم امرأة وأكثر من 15 إصابة.
اللهم أحفظ #المسجد_الأقصى والمسلمين #الحرب_العالمية_الثالثة#تل_ابيب #الرد_آت#الساعات_القادمة #إيران #اسماعيل_هنية pic.twitter.com/kFXv1ZMHn8
— الان/Now⚡️🚨 (@a3_0ax) August 4, 2024
Само неколку часа подоцна, следеше уште еден разорен напад врз Газа.
Израелските сили ги бомбардираа шаторите во кои се сместени раселените Палестинци во дворот на болницата Ал-Акса во центарот на Деир ал-Балах во текот на ноќта, при што загинаа најмалку тројца, а беа повредени 18 лица.
#عاجل | طائرات الاحتلال المسيرة تقصف خيام النازحين في ساحة مستشفى شهداء الأقصى بمدينة دير البلح وسط قطاع غزة. pic.twitter.com/QJ3ePlOBig
— أنس الشريف Anas Al-Sharif (@AnasAlSharif0) August 3, 2024
Болницата во Деир ал-Балах е главната медицинска установа која работи во централниот дел на Појасот Газа, каде што се засолниле илјадници Палестинци кои избегале од конфликтот во другите делови на енклавата.