среда, 27 ноември 2024

Нови напади на израелските воздухопловни сили врз Газа

Израелските воздухопловни сили денеска извршија нови напади врз опколениот и разурнат Појас Газа, каде во изминатите 24 часа беа убиени десетици Палестинци, ОН ја означија палестинската територија „место на смртта непогодно за живеење“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Војната меѓу Израел и палестинската исламска организација Хамас, која утре влегува во четвртиот месец, предизвика стравувања дека ќе се прошири поради зголеменото насилство на израелско-либанската граница, во Ирак, Сирија и Црвеното Море.

Либанскиот Хезболах денеска истрела десетици ракети врз воената база Мерон во северниот дел на Израел во напад што беше претставен како прв одговор на убиството на уште еден човек од Хамас во предградие на Бејрут, што му се припишува на Израел.

Израелската војска потврди дека базата била цел на ракетен напад од соседен Либан.

Во Појасот Газа, новинарите на Франс прес објавија дека синоќа и рано утринава бил нападнат Рафа, град на крајниот југ каде стотици илјади Палестинци се засолниле во последните неколку недели за да избегнат разорни бомбардирања.

Во нападите врз Кан Јунис на југот на Појасот, загинаа 22 Палестинци, соопшти владата на Хамас.

Покрај повиците од претставници на ОН за итен прекин на конфликтот за жителите на Газа, нејзините загрозени соседи и за генерациите што доаѓаат како што беше речено „никогаш нема да ги заборават 90-те дена од пеколот“, Израел е категоричен и потврдува дека сака да ја продолжи офанзивата додека не се вратат заложниците и не се елиминираат воените и управувачките способности на Хамас.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари во петокот предупреди дека „2024 година ќе биде година на борби“, и дека армијата продолжува да се „бори на север, центар и југ“ на Појасот Газа.

Ракетите од Појасот Газа продолжуваат да се истрелуваат кон Израел, но со помал интензитет, сирените за предупредување за ракети главно на југот на Израел, во близина на палестинската територија, се слушаат речиси секој ден.

На северот на границата со Либан, Хагари објави дека војниците се на „многу високо ниво на будност“.

Ден по почетокот на војната, про-иранскиот либански Хезболах од јужен Либан секој ден го напаѓа северен Израел, претежно гаѓајќи ги воените позиции за поддршка на сојузниците Хамас. Израел одговара со напади врз цели во јужен Либан.

Во Сирија и Ирак, нападите врз американските воени бази се зголемени од 7 октомври, јеменските бунтовници Хути напаѓаат бродови во Црвеното Море и гаѓаат ракети кон Израел како знак на поддршка за Палестинците.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се состана во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ја осудува американската поддршка за Израел. Утре во Аман, Блинкен ќе ја продолжи турнејата низ регионот, каде ќе ги посети арапските земји и Израел.

Во видео-пораката испратена до Блинкен, лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, кој живее во Катар, го повика американскиот државен секретар да се фокусира на „завршување на израелската офанзива и ставање крај на окупацијата на целата палестинска земја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ