вторник, 22 октомври 2024

Новата шефица на Твитер: Сакаме да станеме најточниот извор на информации

Објавено на

часот

Сподели

Таа вели дека компанијата е „во мисија да стане најточниот светски извор на информации во реално време“, пишува Би-би-си.

Откако Маск го купи Твитер минатата година се соочи со критики поради пристапот во справувањето со дезинформациите.

Во последниот месец, компанијата ја загуби директорката за доверба и безбедност и се повлече од кодексот за дезинформација на ЕУ.

Во серијата твитови, кои исто така беа испратени по е-пошта до вработените, Јакарино ја повтори целта на Маск, дека Твитер мора да го трансформира „глобалниот градски плоштад“.

Таа рече дека ова ќе помогне „да се придвижи цивилизацијата напред преку нефилтрирана размена на информации и отворен дијалог за работите што ни се најважни“.

„Од истражување на вселената до електрични возила, Илон знаеше дека на овие индустрии им е потребна трансформација, па го направи тоа. Станува сè појасно дека на глобалниот градски плоштад му е потреба трансформација. Мора навистина да верувате и да работите напорно за тоа. Имаме можност да создадеме нови партнерства и заедно да изградиме нешто што може да го промени светот. Создадени сме за ова. Успехот на Твитер 2.0 е цела наша одговорност“, рече новата шефица на Твитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ