среда, 20 ноември 2024

Нова средба меѓу Меџити, Касами и Гаши, можна е заедничка листа

Објавено на

часот

Сподели

На заедничка маса, Меџити, Касами и Гаши се очекува да ги стават заедничките цели и ќе ги разгледуваат можностите за соработка.

Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок. Целта е обединување против ДУИ оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.

Како што нагласуваат од Алтернатива за МИА, по завршување на средбата медиумите ќе бидат информирани преку соопштение.

Претседателот на движењето Беса, Биљал Касами минатата недела најави дека ќе соработува во поширок опозициски блок и со Изет Меџити, кого го чека да формира партија. Според Касами, можно е опозиционерите да имаат заедничка листа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ