петок, 18 октомври 2024

Нова повреда за Мекејлеб

Објавено на

часот

Сподели

Лестер Бо Мекејлеб

Овој пат причина за негово оддалечување од паркетот е повредата на левото стапало, која ја доби на синоќешниот натпревар во дресот на италијански Монтепаски на домашен терен против Скаволини, кој „банкарите“ го загубија со 75-78. Мекејлеб на полувремето се пожали на болка во стапалото, по што клупските лекари му забранија да го доврши натпреварот. Мекејлеб не се врати на теренот по паузата, што значеше вкупен учинок од за него скромни пет поени, еден скок и две асистенции, а неговото отсуство директно влијаеше врз крајниот резултат, односно придонесе за поразот на Монтепаски.
Загриженоста на лекарскиот тим на кошаркарскиот шампион на Италија се должи на фактот што Мекејлеб пред точно една година го повреди истото стапало, поради што мораше да биде опериран и да паузира повеќе од два месеци.
Информациите околу повредата на Мекејлеб будно се следат од челниците на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), но и од сите македонски вљубеници во играта со портокаловата топка. Причина за тоа е фактот што брзиот плејмејкер е убедливо најголемиот адут во таборот на националниот тим во обидот да се дојде до историско учество на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Лондон преку квалификацискиот турнир што во почетокот на јули ќе се одржи во Венецуела.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=tl8FMRkzT-4]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ