петок, 18 октомври 2024

Нова кривична пријава за Мерко, незаконски именувал директор на училиште

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, затоа што, како што информираа од МВР,  пред речиси три години, спротивно на законот, назначил в.д. директорка во училиште во општината што ја раководи. На почетокот на овој месец Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поднесе обвинителен предлог против градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко за несовесно работење во службата. Тоа е осмо по ред обвинение за струшкиот градоначалник.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„На 17 јануари 2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, тој спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д. директор на училиште во Струга. Тоа го направил иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање англиски јазик“, информира МВР во дневниот билтен.

И покрај тоа што таа не ги исполнувала условите за функцијата, пријавениот, наведува МВР, и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење работни задачи како в.д. директор и како директор на училиштето.

На почетокот на овој месец Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поднесе обвинителен предлог против градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко за несовесно работење во службата. Тоа е осмо по ред обвинение за струшкиот градоначалник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ