четврток, 24 октомври 2024

Нов удар за Макрон, левичарите сакаат да му ја укинат пензиската реформа

Француската левичарска партија Непокорени (ЛФИ) денес во парламентот ќе поднесе предлог за укинување на пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон, изјави водечката пратеничка на таа партија во парламентот Матилд Пано.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Укинувањето на реформата, која ја крена старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, претставува еден од главните проекти на француската левица која на неодамнешните парламентарни избори стана прва сила иако не доби мнозинство, пишува Ројтерс.

„Ние денес ќе упатиме предлог да се укине пензиската реформа“, кажа Пано која го предводи пратеничкиот клуб на Непокорени во долниот дом на собранието за радиото Франс антер.

Реформите доведоа до насилни улични протести минатата година и остро противење на работниците.

За предлогот на ЛФИ веројатно нема да се гласа пред септември, а за да биде усвоен треба да добие поддршка, освен од левичарската коалиција Нов народен фронт, и од десничарскиот Национален собир. Центристичкиот блок на Макрон веќе најави дека е против таквиот потег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ