недела, 20 октомври 2024

Нов силен земјотрес во Авганистан со јачина од 6,3 степени

Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Авганистан, според Американската сеизмолошка служба (УСГС), по земјотресот во саботата во кој загинаа повеќе од 2.000 луѓе.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќешниот земјотрес бил на мала длабочина со епицентар на 29 километри северно од градот Херат, соопшти УСГС.

Последиците од овој нов земјотрес сѐ уште не се јасни бидејќи илјадници луѓе останаа без своите домови откако беа уништени во првиот земјотрес со јачина од 6,3 степени во саботата, кој беше проследен со осум последователни потреси.

Според властите, во новиот земјотрес нема пријавени нови жртви. Локалните и националните власти дадоа спротивставени бројки за бројот на загинати и повредени во земјотресот во саботата, но Министерството за управување со катастрофи соопшти дека загинале 2.053 лица.

ОН проценуваат дека повеќе од 12.000 луѓе се погодени од земјотресот во саботата, кој уништи 11 села во областа Зенда Јан, во провинцијата Херат.

Саботниот земјотрес е најсмртоносниот во Авганистан во последните 25 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ