Трајковски рекордот го постигна на атлетскиот митинг во Калитеа, Грција, тој во третата серија прескокна 7.79 метри (+0.9 м/с) со што го собори досегашниот рекорд кој исто така беше во негова сопственост (7.60 м) поставен минатата година.
Андреас го освои четвртото место на митингот, тој беше зад Муарил Сришинкар од Индија, кој освои прво место со скок од 8.18 метри. Втор беше неговиот сонародник Џејсин Андрин Џонсон со скок од 7.87, додека третото место го освои Џален Рукер од Австралија со скок од 7.80 метри.