петок, 18 октомври 2024

Нов АСНОМ: Од 2017 година политичарите ја претворија државата во протекторат

Објавено на

часот

Сподели

„Не е можно да си Македонец или да живееш во Македонија, а да не бидеш исткаен со разбојот на историјата. Македонецот историски е духовно проткаен, библиски – својата земја си ја нарекува Мајка Македонија. За Македонецот – обичниот човек, минатото, древните градби, црквите, писанијата и симболите го градат неговото битие и битисување.

к

Сега дојде време на предавници. Политичари на власт од 2017 година, државата ја претворија во протекторат. Судиите и обвинителите односно правосудството на оваа ненародна власт со пресуди и казни на македонските граѓани сакаат да го избришат името, Република Македонија. Сакаат да го избришат шеснаесетзрачното македонско сонце – симбол на независноста на македонскиот народ и Македонија.
Се крева гласот на Македонецот. Нема да може да ни ја земете и украдете светлината и правдата во Македонија. И Ние сме Тони Менкиноски“, соопшти Нов АСНОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ