вторник, 22 октомври 2024
Реакција

Нов АСНОМ до Агелер: САД треба да е на страната на правдата, слободата и основното човеково право на Македонецот

Најостро ја осудуваме изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер дадена за мегафонот на Стејт Департментот, Радио Слободна Европа, за неможноста на раскинување на меѓународниот преспански и бугарски договор. Ја потсетуваме амбасадорката дека САД во 2002 и 2019 година самоинцијативно истапија од два меѓународни договори, Анти-балистичкиот договор и Договорот за лимитирање на ракетите од среден дострел, склучени со бившиот Советски Сојуз и неговиот наследник Русија. Со самоиницијативното истапување од овие два стратешки договори, САД ја влошија безбедносната состојба на европскиот континент и воопшто во светот, се вели во реакцијата на организацијата Нов АСНОМ на интервјуто на амбасадорката Агелер за Радио Слободна Европа.

Објавено на

часот

Сподели

„Амбасадорката Агелер нема никакво морално, етичко ниту пак какво било право, нас Македонците да ни кажува дали треба да ги поддржиме двата предавнички договора, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Ја потсетуваме амбсадорката Агелер дека со овие два предавнички договора, дискриминацијата која владее во Грција и Бугарија врз Македонците против нашата воља се внесе во нашата држава. За жал, САД јасно се става на страната на кршењето на основното човеково право на Македонецот, да си ја именува својата држава како сака и јасно се става на страната на дискриминаторската политика против Македонците и истата не наидува на никакви симпатии кај нашиот народ.

Ние Македонците нема никогаш да ги прифатиме двата дискриминаторско предавнички договори сѐ додека не си го вратиме нашето свето име Република Македонија. Враќањето на името Републике Македонија ние Македонците ќе го постигнеме без разлика дали САД тоа го поддржува или не и прашање е на време, кога тоа ќе го оствариме. Во тој контекст, наша врвна национална македонска безалтернативна цел е враќање на името на нашата држава.

Ја советуваме амбасадорката Агелер дека потребно е САД да се стават на страната на правдата, слободата и основното човеково право на Македонецот да си ја именува својата мила тактковина Република Македонија. Тоа е најдобар начин, македонскиот народ, во вас да гледа, искрен и сакан пријател, амбасадорке“, се вели во денешната реакција на Нов АСНОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ