сабота, 26 октомври 2024

Њујорк тајмс: Иранскиот врховен лидер нареди напад врз Израел

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, издаде наредба за напад на Израел како одмазда за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран, рекле тројца ирански претставници запознаени со наредбата, објави Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Директивата е издадена на вонредна седница на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Иранскиот врховен водач Саед Али Хамнеи истиот ден во објава на Икс зборуваше за одмазда.

„По овој горчлив, трагичен настан што се случи во границите на Исламската Република, наша должност е да се одмаздиме“, напиша тој.

Иран веќе директно го нападна Израел во април.

Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије беше убиен во Техеран.

Хамас рече дека Ханије е убиен заедно со неговиот телохранител во, како што рече, израелски напад врз неговата резиденција откако присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател.

Убиството доаѓа во тешко време за Блискиот Исток, со ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, кој се заканува да се прелее во поширока регионална војна, и додека Хамас се бори против израелската армија во Газа.

Израел вчера објави дека во напад во Бејрут е убиен највисокиот воен командант на Хезболах, кого го обвини за ракетниот напад врз Голанската висорамнина окупирана од Израел во кој загинаа 12 деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ