вторник, 22 октомври 2024

Њујорк тајмс го повикува Бајден да се откаже од изборите: „Се претвори во сенка од себе“

Уредништвото на американскиот весник Њујорк тајмс го повика претседателот Џо Бајден да се повлече од трката за Белата куќа по катастрофалната дебата против Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во написот, објавен синоќа со наслов За да ѝ служи на земјата, претседателот Бајден мора да се повлече од трката за Белата куќа, Њујорк тајмс го опишува Џо Бајден како „сенка од лидер“ откако 81-годишниот претседател „падна на сопствениот испит“.

Непрепознатлив, Бајден голташе зборови, не довршуваше некои реченици и гледаше во празно за време на телевизискиот дуел во четвртокот против својот републикански претходник и противкандидат на изборите во ноември.

„Се мачеше да објасни што ќе постигне во вториот мандат. Се мачеше да одговори на провокациите на Трамп, се бореше да го повика на одговорност за неговите лаги, неуспеси и морничави планови. Повеќе пати се мачеше да дојде до крајот на реченицата“, пишува Њујорк тајмс.

„Бајден беше претседател кој заслужуваше восхит. Под негово раководство државата напредуваше и почна да се соочува со низа долгорочни предизвици, а раните кои ги отвори Трамп почнаа да заздравуваат. Но најголемата улога која Бајден денес би можел да ѝ ја пружи на јавноста би била објавата дека нема да се кандидира за реизбор“, пишува американскиот весник.

„Се крена по трагедијата и неуспесите во минатото и јасно верува дека тоа може да го направи повторно. Но настапот на претседателот не може да се опише како само едно лошо издание и да се обвини настинката, бидејќи ги потврди грижите кои растеа со месеци и дури години. Најјасниот пат за демократите, ако сакаат да го поразат кандидатот дефиниран со лаги, е да бидат искрени со американската јавност и да признаат дека Бајден не може да ја продолжи оваа трка и да смислат процес за избор на некој поспособен да застане на негово место и да го порази Трамп во ноември“, заклучува Њујорк тајмс.

Членови на Демократската партија исто така ја доведоа во прашање способноста на Бајден да преземе нов мандат, што предизвика бура во партијата, но Бајден вчера кажа дека „може да ја заврши работата“, добивајќи поддршка од двајца свои претходници, Бил Клинтон и Барак Обама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ