четврток, 24 октомври 2024

Њујорк тајмс: Британскиот премиер веројатно ќе ги повлече приговорите за апсење на Нетанјаху

Новата британска влада под водство на Лабуристичката партија и премиерот Кир Стамер најверојатно ќе ги повлече приговорите на барањето на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд за издавање налог за апсење на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, пренесува Њујорк Тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува Стармер да ја потврди таа одлука до крајот на неделата, пренесува американскиот весник, повикувајќи се на два неименувани извори.

Британската влада минатата недела најави дека ќе продолжи да ја финансира организацијата на Обединетите нации за раселените Палестинци УНРВА откако претходната влада на чело со поранешниот премиер Риши Сунак го прекина финансирањето поради тврдењата на Израел дека вработени на таа агенција учествувале во упадот на Хамас во Израел на 7 октомври, без какви било докази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ