„Тоа си е работа на СДСМ и јас немам што да се мешам тука, но она што мислам дека јавноста сериозно ќе ја интересира е откако Филипче избега од јавноста во последните неколку години, да даде одговори на неколку суштински прашања. Прво каде е тој во однос на модуларната болница во Тетово која што изгоре и 14 човечки животи кои што беа загубени таму. Второ што мисли за тоа што Македонија имаше висока смртности во корона пандемијата. Трето каква е неговата улога при набавката на вакцини преку сомнителни фирми од Хонг Конг за трговија со јужно овошје. Четврто каква е неговата улога во процесот на приватизација на стерилизацијата во сите јавно здравствени установи во Македонија. Дали се обидувал или не една приватна болница во Македонија на сила или под притисок да биде продадена на еден бизнисмен од Албанија. Фер е да одговори на јавноста и за тоа каква е неговата улога во случајот Онкологија и семејството Пановски. И тука ќе застанам, мислам дека е доволно за старт“, рече Николоски.
Тој ја повтори темата за улогата на спорни странски консултанти во кампањата на Стево Пендаровски на СДСМ.
„Цела мината недела поставував прашања за улогата на Асаф Еисин во кампањата на Стево Пендаровски и на СДСМ. Добивме многу конфузни одговори. Пендаровски кажа дека се среќавал со него, но рече дека бил консултант на СДСМ, а не негов. Од друга страна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека немаат таков консултант, но намерно и ненамерно можеби направи грешка кога кажа дека две други девојки работеле за него во кампањата. За нив имаме сознанија дека се сместени во канцеларија која што се наоѓа во хотел на кејот на Вардар, во деловниот простор и тие се локалната поддршка на Асаф Еисин.
Се работи за лица вработени во ПР агенција со седиште во Белград, а тие се дојдени тука за да помагаат токму на ова лице. Не е тајна дека Асаф Еисин помеѓу другото е и советник или ПР експерт и на видни лица од политиката на нашиот северен сосед.
Во таа насока не добивме одговори зошто не е објавен договорот што СДСМ го склучила со Асаф Еисин и зошто истиот не е евидентиран. Доколку склучиле договор за работа за на изборите се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека изборните сметки се уште не се отворени и во моментот на почеток на ангажман не ни можеле да бидат отворени затоа што формално процедурата за номинирање на кандидати, ниту за претседател, ни за пратеници не беше завршено.
До нас стигаат кредибилни информации дека ова лице е плаќано на рака, односно во кеш, од сомнително прибавени средства од СДСМ, најчесто од тендерите во РЕК Битола за кои што јас лично зборував во изминатиов период.
Па, сакаме да прашаме дали можеби странскиот консултант е платен од тендерите што ги доби во РЕК Битола белорускиот конзул? И дали е ова начинот на кој е исплаќан овој странски консултант? И дали контролата се прави преку лицата сместени во деловни простории на еден хотел на кејот на Вардар, да бидам попрецизен позади Градскиот стадион?
Ова се релевантни прашања на кои јавноста не добива одговори, освен првичната конфузија која настана по изјавите на Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски, немаме ниту еден одговор.
Освен лични навреди кон мене и кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго како релевантен одговор не добивме.
Јавноста мора да ги знае одговорите на овие прашања затоа што влегуваме во кампања и мора да се знае на кој начин се финансира кампањата и кој работи во истата, и кои се целите на оние кои што работат во кампањата.
Очекувам релевантни одговори на овие прашања. Доколку не добиеме вакви одговори, можеби надлежните институции особено оние кои се поврзани со мониторинг на изборите и со следење на трошење на средства на изборите треба посериозно да се позанимаваат со овој случај“, изјави Николоски.