„Притоа Николоски истакна дека Македонија е цврсто посветена во остварување на реформските процеси и е на вистински пат да ги исполни условите за полноправно членство во Европската Унија. Во тој процес очкувањата на Македонија се дека, Владата на Унгарија ќе обезбеди континуирана поддршка на земјата како наша стратешка цел“, соопшти Министерството.
На средбата, се вели во соопштението, министрите ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји и се согласија дека постои можност за интензивирање на таквите односи во дејности од заеднички интерес.
„Николоски, изрази благодарност за континуираната поддршка на Унгарија кон Македонија и македонскиот народ, особено изразена преку помошта за раст и развој на домашната економија. За време на средбата, министерот за одбрана на Унгарија изрази исто така силна подготвеност за обезбедување на потребната опрема за справување со пожарите со што ја потврди одлуката за испраќање на хеликоптери за гаснење на шумските пожари“, се додава во соопштението.
Министерот Николоски изрази благодарност во име на македонскиот народ за таквата посветеност на унгарската влада. На крајот на средбата, двајцата министри изразија задоволство од пријателските односи меѓу двете земји и се согласија дека во иднина таквите односи ќе продолжат да се унапредуваат.