вторник, 26 ноември 2024

Николоски: Потребна е референдумска излезност, ДУИ и СДС се изворот на криминалот и мора да одат во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ не се бори за победа. ВМРО-ДПМНЕ на овие парламентарни избори се бори за поголема разлика, се бори за 61 пратеник за да имаме стабилна влада која ќе ја врати гордоста на македонскиот народ и која ќе ја врати Македонија на едни нормални патеки од кои е извадена сега, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на TV Алфа.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски вели дека за изборните листи на СДС и СДС како партија немаат поддршка.

„Една ПР агенција нуди по 100 евра портал за да се објави промотивен текст за мојот против кандидат. Тука е прашањето од кај им се толку пари. Значи освен Изреалецот и оваа агенција не можам да видам кој го поддржува СДС. Но, можам да видам многу кеш и нечисти пари кај СДС, а за тоа ќе има одговорност по избори“, вели Николоски кој укажа дека се што е објавувано за криминал и корупција е поткрепено со аргументи и докази.

Оттука, додаде Николоски, после избори ќе има одговорност за сите кои правеле криминал.

„За сите за кои ќе има докази или ќе се обезбедат докази ќе одговараат по изборите“, кажа Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ