среда, 30 октомври 2024

Николоски поднесе три пријави за незаконско трошење пари во капитални проекти

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски до надлежните органи доставил три предмети за кои, според него, постои сомнеж за криминал со незаконско трошење на народните пари.

Објавено на

часот

Сподели

Тој во интервју на Алфа потенцираше дека два од трите доставени предмети се директно поврзани со наводите кои биле објавени од страна на Државната ревизија во извештајот за реализација на капиталните проекти.

„И претходнo имавме индиции за можен криминал со буџетските пари. Но еве сомнежот го потврдуваат наводите на Државниот завод за ревизија во извештaјoт за реализација на капиталните инвестиции. Затоа и го повикав Министерството за внатрешни работи, а веќе доставив и три предмети од кои два директно се поврзани со информациите што ги објави државната ревизија. И затоа очекувам Обвинителството да биде поефикасно и веднаш да отвори постапка за нив“, кажа министерот Николоски.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, во однос на изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид, Николоски истакна дека се детектирани три главни проблеми и тоа експропријацијата на земјиштето, која сѐ уште не е завршена, нерешените имотно-правни работи со неколку бензински пумпи и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.

„Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации“, вели министерот Николоски во интервјуто. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ