вторник, 22 октомври 2024
Реакција од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Николоски до Шекеринска: Задоцнет патриот, никогаш нема да сме на иста страна

Објавено на

часот

Сподели

Николоски потсети дека истата Шекеринска беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој се прифати дека македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничка историја,

„А немаат! Истата таа прифати промена на име и гордо се сликаше во Нивици. Таа е истата која според многумина ги влече конците позади сцена во СДСМ и со која Димитар Ковачевски се консултира за секоја покрупна одлука. Таа Шекеринска продава задоцнет патриотизам. Извинете ама не поминува. Како што ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија – предавството ќе ви тежи цел живот!

И тогаш и сега најголема нервоза ви е што не можете да го седнете ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи предавството. За овој договор кој значи капитулација на Македонија ние сме на различни страни и никогаш нема да сме на иста страна по ниту една цена“, напиша Николоски на својот фејсбук-профил.

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска, обраќајќи се од формот со кој ДУИ прослави 21 година постоење, изјави дека треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени. Според неа, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања.

„Тезата дека нема алтернатива, според мене, не функционира. Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа, ќе има нови барања. Ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“, рече Шекеринска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ