Министерот Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години.
Како што истакнаа, ова е резултат на промена на Законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид се со цел да се надминат проблемите со техничките услови со асфлатирањето и да се забрза неговата изградба. Министерот Николоски истакна дека направена е целосна мобилизација на работници и на машини и со тоа се создава услови да се асфалтира и на минусни температури.
Министерот Николоски исто така најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека.
Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата.
“ Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крај на 2026 година ќе го завршиме овој автопат”, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.