петок, 18 октомври 2024

Никола Ристановски ја доби наградата за најдобра машка улога на театарски фестивал во Врање

Наградата „Борисав Станковиќ“ на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“ во Врање, Србија, за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката ја донесе жири-комисијата во која членуваа: Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб.

д

„Никола Ристановски во улогата на д-р Томас Стокман рискантно и дрско го спојува неспоивото: најдрската превртливост и пеливанската балканска итрина. Игра човек кој како денешниот слеп Едип незапирливо ја напаѓа општествената неправда и тврдоглаво истрајува во битките за правда, до работ на Бекетовите кловнови, отфрлен од сите и упорен во тоа“, стои во образложението од комисијата.

д

                                              НУ МНТ фотографиите ги презеде од Врањењуз

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ