понеделник, 28 октомври 2024
Лига Куп

Никој нема клупа како Ливерпул, „црвените“ со пресврт до победа над Фулам (ВИДЕО)

Ливерпул го совлада Фулам со 2-1 во првиот натпревар во полуфиналето во Лига Купот, „црвените“ беа во гол негатива на полувремето, но направија пресврт во продолжението од мечот.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Клоп ќе патуваат со предност на реваншот во Лондон за две недели откако со одлично второ полувреме го совладаа Фулам со 2-1.

Вилијан ги донесе гостите во предност во 19. минута, Бразилецот одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата за 0-1.

На стартот од вториот дел, Фулам имаше неколку контри и полуконтри кои не ги заврши најдобро, па Ливерпул казни.

Најпрво Џонс со доста доза на среќа изедначи на 1-1, за три минути подоцна Нуњез да му асистира на Гакпо за 2-1.

Овој меч уште еднаш покажа дека никој нема клупа како Ливерпул во Англија, резервистите допринеле за 30 погодоци (15 голови и 15 асистенции), 12 повеќе од било кој друг клуб од Премиерлигата. Најмногу од нив се дело на Дарвин Нуњез (7), ниту еден друг фудбалер нема ваков учинок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ