понеделник, 25 ноември 2024

Никој не ги кажува квалификациите на избраниот ревизор за контрола на европските пари

И Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Делегацијата на ЕУ во Македонија го разгледуваат случајот со именувањето на главен ревизор на Ревизијата на претпристапната помош. Со владина одлука, од минатата недела на таа позиција е назначена Афрона Вервизоли која нема соодветни квалификации за таа позиција. Нема официјални информации дали Вервизоли има ревизорско искуство и соодветен ревизорски сертификат, што е услов за изборот на кандидат за таква позиција.

Објавено на

часот

Сподели

Од ДКСК велат дека до Ревизорското тело за ИПА фондови во Скопје е доставено барање за информации кои законски услови се потребни за некој да биде назначен на оваа позиција. Главниот ревизор на Ревизијата на претпристапната помош треба да контролира како се трошат европските пари од ИПА фондовите.

Овој случај предизвика интерес и во Делегацијата на ЕУ во Скопје од каде велат дека сите функционери треба да бидат поставени законски и со исполнети критериуми за вршење на функцијата.

Вервизоли е дипломирана економистка и досега работела на шалтер во банка. Условот за главен ревизор е кандидатот да има соодветна стручност, знаење и искуство во областа на ревизијата, уверение за стекнато звање од областа на ревизијата. Предлогот за Вервизоли, изгласан од Владата, бил на коалицијата Вреди.

Главниот ревизор за ИПА фондовите и целото ревизорско тело отчет даваат и пред ЕУ.

Во член 5 од Законот за ревизија пишува дека за именување на главниот ревизор за ИПА и на заменикот, се објавува јавен оглас, а кандидатите треба да имаат високо образование од областа на економските или правните науки, да имаат најмалку седум години искуство во областа на економијата или правото, да имаат уверение за стекнато звање од областа на ревизијата, дa поседуваaт еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или  АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ