сабота, 20 јули 2024

Независниот Судски буџет е целосно зависен од Владата

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Георгиев кажа дека вработените во судската администрација и во Судскиот совет немаат никаква мотивација за работа но и дека на конкурсите што ги објавуваат за пополнување на потребните работни места, особено за информатичарите, никој не се јавува.

„Министерот вели дека тоа ќе можело да се предвиди само со ребаланс на Буџетот кој може да трае од јуни до септември. Ако биде вака ние после октомври ќе немаме пари за исплата не само за администрацијата, туку ни за тие 78 отсто, без додатоци, што треба да ги земат судиите по одлуката на Устаниот суд. Состојабата е алармантна. Ова страшно негативно ќе се одрази на нашата работа. Со ова се опфатени 2000 луѓе“, рече Георгиев.

Со ова станува беспредметна денешната точка на дневен ред на седницата на Судскиот буџет со која треба да се донесе одлука за обебедување пари за исплата на додатоците.

„Ние мора да донесеме некаква одлука и покрај забраната за исплата на додатоците од страна на Министерството за финансии“, вели Георгиев.

Според законот, Судскиот буџетски совет е дел од Буџетот на Република Македонија но е издвоен како
посебен дел означен со “Судска власт”.

„Делот на средствата „Судска власт” во Буџетот на Република Македонија, потребни за функционирање на единките корисници, се утврдува во износ од најмалку 0,8 отсто од бруто домашниот производ, а во согласност со критериумите утврдени од Судскиот буџетски совет, врз основа на фискалната политика и главните параметри за процена на приходите и трошоците. Во случај на ребаланс на буџетот на Република Македонија не може да се намалуваат средствата наменети за финансирање на судската власт. Средствата од делот “Судска власт”, Судскиот буџетски совет ги распределува на единките корисници. Во рамките на судскиот буџет се утврдуваат средства за непредвидени случаи како постојна и тековна резерва кои не можат да надминат 2 отсто од тековните расходи на судскиот буџет“, пишува во Законот за судски буџет.

Во меѓувреме од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија стигна известување дека утре Синдикалната организација на судски совет ќе организира предупредувачки протест пред зградата на советот.

И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ