понеделник, 25 ноември 2024

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против 42 лица

Независниот синдикат на професионални војници соопшти дека вчера до Основното јавно обвинителство – Скопје поднел кривична пријава против 42 лица учесници, учесници, како што е наведено, во неколку криминални дела со цел на незаконски начин да се преземе синдикатот како правен субјект.

Објавено на

часот

Сподели

Кривичната пријава се однесува на седум припадници на Армијата (од кои двајца претходно имаат кривична пријава за слично дело), еден поранешен припадник на безбедносните служби во Армијата, три лица вработени во Министерството за труд и социјална политика (Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување) и 31 цивилно лице кои учествувале во организирање и реализирање на незаконски дејства со цел да се изманипулираат институциите за да се промени овластеното лице на синдикат и да се придобијат на нелегален начин финансиските средства на синдикатот од членарината на вработените.

„Пријавените лица ги сториле кривичните дела: злосторничко здружување по член 394 од Кривичниот законик, фалсификување или уништување на деловни книги по член 280, употреба на исправа со невистинита содржина по член 380, сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од член  353, надриписарство од член 353 и надриписарство од член 381-а од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението.

Ова е втора кривична пријава во период од осум месеци што ја поднесува Синдикатот против лица кои, како што е наведено, прават криминални дела за да се преземе синдикатот и да се направи штета на стотици вработени лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ