четврток, 28 ноември 2024

Невидена суша на Сицилија: Сточари убиваат животни поради недостиг на храна и вода (ВИДЕО)

Сицилија со месеци се бори со невидена суша. Во последните 20 години, оваа година има најмалку врнежи.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Поради исклучително ретки врнежи во последните година и пол, голем дел од населението на Сицилија, околу два од вкупно пет милиони жители, е подложено на рационализација на водата за пиење.

Ситуацијата е особено тешка во западните и јужните делови на островот, од 29 вештачки езера, шест се целосно исушени. Поради оваа причина, во голем број општини граѓаните добиваат вода секој втор ден или се снабдуваат од цистерни.

Последиците од ова се големи штети за земјоделството, додека во некои области сточарите се принудени да убиваат добиток за кој немаат ниту вода ниту храна.

Енио Бонфанати од Калтанизета истакнува дека ситуацијата оваа година е катастрофална и дека навистина мора да користи таков термин.

„Овде обично одгледуваме модар патлиџан, домати и пиперки, а оваа година – како што гледате – нема ништо затоа што немаме вода. Она малку вода што ја имаме ја штедиме за растенијата што најмногу страдаат, ја загубивме целата пченица“, се жали друг земјоделец.

Во февруари гувернерот на Сицилија, Ренато Скифани прогласи статус на природна катастрофа, италијанската влада прогласи вонредна состојба во мај, бидејќи ова е една од најтешките суши што го погоди островот во последните 50 години, пренесува РТС.

Деновиве Министерството за земјоделство на Италија прогласи состојба на екстремни временски услови на цела Сицилија, додека регионот бара посебна уредба која би се однесувала на континуирано намалување на водните ресурси во вештачките езера, што доведува до недостиг на вода за наводнување.

Се проценува дека годинава во споредба со лани земјоделското и сточарското производство ќе биде преполовено.

Во наредните денови временската прогноза предвидува екстремно високи температури без врнежи, вонредна состојба поради суша е прогласена во регионот на Калабрија, додека Сардинија се подготвува да го стори истото.

Националната лига на задруги на јужните региони, попозната како Легакоп, која е најстарата и главна асоцијација за заштита и застапување на италијанските задруги, зборува за драматичната состојба на тие територии, кои само во првиот квартал од оваа година досега изгубија четири милијарди евра, како и 33.000 работни места, предизвикани од тековната суша.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ