вторник, 29 октомври 2024

Неверојатна партија на Хрватска, ја победи Шпанија со десет голови разлика

Репрезентацијата на Хрватска одигра меч над сите очекувања и ѝ нанесе историски пораз на Шпанија од 39-29.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија го доживеа највисокиот свој пораз во историјата на Европските првенства откако загуби од Хрватска со десет разлика во меч во кој тие беа фаворити.

Одбраната на Шпанија беше очајна, Хрватите промашија само трипати, имаа неверојатна реализација од 39/42 или 93 проценти.

Голманите на Шпанија имааа само една одбрана на целиот натпревар, и тоа не класична, туку при обид на Тин Лучин да погоди од својата половина бидејќи претходно голот беше празен.

Најефикасен во составот на Хрватска беше Мартиновиќ со девет голови, Шоштариќ постигна седум. Кај Хрватите Гомез реализираше деветпати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ