четврток, 24 октомври 2024

Нетанјаху во Конгресот ја повика Америка да формира НАТО на Блискиот Исток

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на американските конгресмени на заедничката седница на двата дома на Конгресот и предложи Соединетите Американски Држави да формираат нова алијанса на Блискиот Исток слична на НАТО која ќе биде насочена против „заканите од Иран“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Секоја земја во регионот која ќе ги нормализира односите со Израел би требало да довие повик да се приклучи на овој воен сојуз, додаде израелскиот премиер и порача дека со победа на Израел во Газа и нејзина „демилитаризација и дерадикализација“ ќе има „сигурна иднина, просперитет и мир“.

„Денес се сретнуваме на крстопатот на историјата. Нашиот свет е во немир. На Блискиот Исток, иранската оска на теророт се соочува со Америка, Израел и нашите арапски пријатели. Ова не е судир на цивилизации. Ова е судир на варварството со цивилизацијата. Ова е конфликт меѓу оние кои ја величаат смртта и оние кои се посветени на животот. За силите на цивилизацијата да триумфираат, Америка и Израел мора да бидат заедно“, кажа Нетанјаху кој пред говорот доби овации од двете партии во Конгресот.

Нетанјаху е остро критикуван поради големиот број палестински цивилни жртви и се соочува со растечки внатрешен и меѓународен притисок да постигне договор со Хамас за да обезбеди ослободување на преостанатите заложници во замена за привремен прекин на борбите.

Пред обраќањето на израелскиот премиер, стотици демонстранти се собраа во близина на американскиот Капитол за да ја осудат војната на Израел во Појасот Газа, а според американските медиуми полицијата била приморана да употреби солзавец.

Демонстрантите извикувале „Слободна, слободна Палестина“, а некои се обидувале да ги блокираат улиците околу зградата на Конгресот пред говорот на израелскиот премиер.

Нетанјаху е првиот светски лидер кој четири пати се обратил на заедничка седница на двата дома на американскиот Конгрес, последен пат во 2015 година, кога се обидуваше да ги убеди пратениците да ги прекинат преговорите на владата на Барак Обама и Иран за нуклеарната програма на Техеран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ