четврток, 24 октомври 2024

Нетанјаху побарал средба со Трамп за да обезбеди поддршка за војната во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал средба со поранешниот претседател Доналд Трамп за време на престојот во Соединетите Американски Држави оваа недела, за да ја обезбеди неговата поддршка за израелската политика кон Газа и Западниот брег, изјавиле два неименувани извори за Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на тимовите на Трамп и Нетанјаху во изминатите денови разговарале за можноста двајцата лидери да се сретнат во живо, потенцијално на Флорида.

Трамп сè уште не се согласил на средбата, но исто така не ја ни отфрлил целосно идејата, кажале изворите.

Трамп е поддржувач на државата Израел и во 2017 официјално го призна Ерусалим како главен град, а следната година таму ја пресели американската амбасада.

Политико наведува дека во изминатите неколку години во односот на двајцата лидер се појавиле тензии, особено по честитката на Нетанјаху до Џо Бајден по изборите во 2020 година. Поранешниот претседател го осуди Нетанјаху за пропуст на израелските разузнавачки служби на 7 октомври.

Ако Нетанјаху обезбеди состанок со Трамп оваа недела, би можел да добие поддршка од поранешниот американски претседател за својата политика во Газа и на Западниот брег, како и за израелската кампања на северната граница против Израел.

Тоа би му дали прилика на Трамп да воспостави поформална комуникација со Нетанјаху во време кога кампањата на потпретседателката Камала Харис уште не изнела надворешнополитичка кампања која би ја воделе САД, доколку Харис победи во ноември, заклучува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ