недела, 27 октомври 2024

Нетанјаху ќе се сретне со Бајден в четврток, со Трамп в петок

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху в четврток во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден, кој оздравел од ковид, соопштија синоќа од кабинетот на Нетанјаху и од Белата куќа.

.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Средбата меѓу Бајден и Нетанјаху долго се чека поради тензиите меѓу двете сојузнички земји, по повеќе од девет месеци војна во Газа.

Средбата на Нетанјаху со претседателскиот кандидат на Републиканската партија, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, најпрвин беше најавена за среда, потоа за четврток, а на крај беше закажана за петок на Флорида во резиденцијата на Трамп во Мар а-Лаго.

„Се радувам што ќе му посакам добредојде на Биби Нетанјаху во Мар а-Лаго во Палм Бич, Флорида. За време на мојот прв мандат доживеавме мир и стабилност во регионот (на Блискиот Исток)“, рече Трамп, најавувајќи дека повторно ќе биде така бидејќи очекува повторно да дојде на власт.

Тој исто така рече дека во разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски и други светски лидери минатата недела, тој најавил дека неговата програма „Мир преку сила“ ќе покаже дека „мора да престанат страшните и убиствени војни и насилни конфликти“.

Рече и дека милиони луѓе умираат и дека американската потпретседателка и најверојатна претседателска кандидатка на Републиканската партија Камала Харис „нема апсолутно никаква способност да го спречи тоа“, објави Франс прес.

Премиерот на Израел од понеделник е во Вашингтон, а главна точка на неговата посета ќе биде неговиот говор утре, среда, на заедничката специјална седница на двата дома на американскиот Конгрес.

Тој очекува оваа недела да се сретне и со потпретседателката Камала Харис, сега веројатен кандидат за претседателските избори откако Бајден се повлече од трката во неделата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ