вторник, 22 октомври 2024

Нетанјаху исклучи повлекување од Газа или ослободување на милитантите кои ги бара Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има воено повлекување од Газа ниту ослободување на илјада затворени милитанти, што се двете клучни барања на палестински Хамас во актуелните посредни преговори за примирје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на настанот во окупираниот Западен брег Нетанјаху повторно вети дека војната нема да заврши без „апсолутна победа“ над Хамас.

„Нема да ја завршиме оваа војна без постигнување на сите наши цели. Нема да ја повлечеме израелската војска од Појасот Газа и нема да ослободиме илјади терористи“, кажа тој.

Борбите продолжуваат во Појасот Газа додека полека напредуваат преговорите за примирје во војната која почна кога милитанти на Хамас упаднаа во Израел на 7 октомври минатата година и убија околу 1.200 луѓе, главно цивили и грабнаа околу 250. Како одговор Израел почна воздушна, поморска и копнена офанзива во која се убиени повеќе од 26.700 луѓе во Газа, според податоците на министерството за здравство на Хамас, кој е на власт во палестинската енклава.

Лидерот на политичкото крило на Хамас Исмаил Хание, кој живее во прогон во Катар, потврди денес дека палестинската исламистичка организација примила предлог за прекин  на војната составен во Париз.

Тој кажа дека приоритет на организацијата е да прекине воената офанзива на Израел и израелските војници да се повлечат од Газа, пренесоа агенциите. Покрај тоа, најави дека ќе го посети Каиро за да разговара за предлогот за прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ