недела, 20 октомври 2024
Во кое било повоено сценарио

Нетанјаху им рекол на САД дека е против палестинска држава и предизвикал гнев

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли повиците на САД да стивне израелската воена офанзива во Појасот Газа или да се преземат чекори кон формирање палестинска држава по војната, по што веднаш добил укори од Белата куќа, пренесе АП.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Напнатоста го одразува широкиот јаз меѓу двата сојузници во врска со опсегот на војната на Израел и неговите планови за иднината на опколената територија.

„Очигледно работите ги гледаме различно“, рече портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

„Израел ќе се согласи само на договор со кој земјата би добила безбедносна контрола врз целиот Појас Газа“, изјави израелскиот премиер на денешната прес-конференција.

„Во секој иден договор, на Израел му е потребна безбедносна контрола на целата територија западно од Јордан. Ова е спротивно на идејата за палестински суверенитет. Што можеме да направиме?“, рече тој, додавајќи дека истото им го повторил и на Американците.

„Премиерот мора да може да им каже ‘не’ на нашите пријатели“, изјави тој.

Нетанјаху најави дека ќе ја продолжи израелската офанзива додека Израел не постигне „решавачка победа над Хамас“.

За победата ќе бидат потребни „уште многу месеци, но ние сме решени да ја постигнеме“, додаде израелскиот лидер.

„Ќе продолжиме да се бориме со полна сила додека не ги постигнеме сите наши цели, враќањето на сите заложници и, повторувам, само воениот притисок ќе доведе до нивно ослободување и елиминација на Хамас и гаранција дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ