понеделник, 28 октомври 2024
Против волјата на своите министри

Нетанјаху го отфрли дводневното примирје со Хамас во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли иницијативата предложена од Египет за краткорочен прекин на огнот со Хамас во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси предложи прекин на огнот во Појасот Газа за да се олесни потенцијалната размена на затвореници, заради подолгорочно примирје. Медиумите од регионот претходно објавија дека Хамас е спремен да го прифати предлогот на Египет за почетно дводневно примирје, при што ќе бидат ослободени неколку заложници.

„Предложивме дводневен прекин на огнот во Појасот Газа за размена на четворица (израелски) заложници за некои (палестински) затвореници, а потоа ќе се преговара десет дена за прекинот на огнот да се претвори во трајно примирје“, рече Ал Сиси за време на заедничката конференција за новинари со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне во Каиро.

И покрај наводната поддршка од повеќето израелски министри за египетскиот предлог, Тел Авив одлучи да го отфрли договорот поради противењето на Нетанјаху, кој истакна дека „преговорите ќе се водат само под оган“, според израелскиот Канал 12.

Израел проценува дека 101 лице сè уште се држат во заробеништво на Хамас во Појасот Газа, а се стравува дека некои веќе се убиени или од Хамас или во израелските напади врз густо населената област на енклавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ