Весникот Ал џезира пишува дека ова е најголемиот протест во Рамала од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Мажи во групи трчаат и фрлаат камења, полицијата се обидува да ги спречи со солзавец. Се слушнала и силна експлозија.
Hundreds take to the streets in Ramallah shouting in “The people want the fall of the President,” protesting Mahmoud Abbas’ perceived inaction against the war between Israel and Gaza pic.twitter.com/vRFo7rA0iq
— Gianluca Pacchiani (@GLucaPacchiani) October 17, 2023
„Овде има сцени на целосен хаос. Се водат улични битки. Палестинската полиција се обидува да ја контролира ситуацијата. Ова може да биде навистина многу грдо. Нема знаци дека толпата се растерува“, известува новинарот Чарлс Стратфорд.
Hundreds of Palestinians are clashing with PA security forces in Jenin, Nablus, Bethlehem and Ramallah.
Demonstrations in Hebron, Qalqilia, Tulkarem .
From the PA administrative capital in Ramallah pic.twitter.com/1cuelQa2tb
— Younis Tirawi | يونس (@ytirawi) October 17, 2023
Има информации за судири меѓу демонстрантите и палестинските безбедносни сили во други градови на Западниот Брег. Инаку, утре Абас требаше да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, кој пристигнува во посета на Блискиот Исток. Вечерва дојде веста дека претседателот Абас ја откажал планираната средба.