сабота, 26 октомври 2024
Првиот потпретседател на Владата во интервју за Трилинг

Немало и нема да има влада без Албанци, вели Меџити

„Немало и нема да има влада без Албанци“, изјави првиот потпретседател на Владата Изет Меџити во најновото издание на емисијата „Трилинг“, додавајќи дека нема ниедна друга албанска партија, што може да прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето за спорот со ЗНАМ, партијата од коалицијата, Меџити одговори дека е полесно и пологично дека може да функционира коалицијата ВМРО ДПМНЕ-Вреди, одошто ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ, бидејќи немало и нема да има влада без Албанци.

Вицепремиерот Меџити истакна дека Вреди има сериозен и отворен пристап, водејќи се од стремежите поставени на почетокот: борба против корупцијата, владеење на правото, економски развој и децентрализација.

Според него, партијата ЗНАМ игра со националистичката карта и се однесува на ваков начин од нејасни причини.

„Тие излегоа од СДСМ и до вчера се бореа за граѓанскиот концепт“, рече Изет Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ