Како што објави австриската новинска агенција АПА, тој преку својот адвокат изјавил дека не е поддржувач на терористичката група Исламска држава и дека не планирал да изврши напади на концертите на музичката ѕвезда Свифт.
Адвокатката Ина-Кристин Стиглиц во изјава за Ројерс тврди дека дека младиот човек стапил во контакт со ИД минатиот месец.
„Тој беше само заинтересиран и си поигруваше со тие идеи, но немаше сериозна намера да изврши напад. Само сакаше да биде кул“, рече адвокатката.
Таа потврди дека изработувал бомба читајќи инструкции од интернет, но рече дека бомбата немало да профункционира бидејќи не била со соодветен квалитет.
„Сакаше бомбата да ја тестира во шума, не планирал да убие луѓе“, изјавила адвокатката.
Инаку, по апсењето на младиот Алији, властите рекоа дека тој признал дека планирал да изврши терористички напад и да убие многу луѓе, влетувајќи со автомобил во маса фанови на Сфивт, потоа ланирал да убива со мачета и на крајот да активира бомба поставена во автомобилот.
Соседите на Алији биле шокирани откако полицијата го уапси. Кажале дека било мирно момче, но им било чудно што од неодамна пуштил брада.
Алији има австриско потекло, а неговите родители се од Македонија. Со семејството живеел во Терниц и бил уапсен во раните утрински часови. Сепак, апсењето довело до операција во која речиси половина од градот морало да биде евакуирана.
Покрај него, уапсени се уште две момчиња на возраст од 17 и 15 години кои биле поврзани со Алији.
Трите концерти на супер ѕвездата Телјор Сфивт беа откажани поради проценка на безбедносните служби дека постои опасност од терористички напади.